По повод големиот јубилеј – 15 години Аква Парк Пробиштип, влезот за двата претстојни концерти на регионалните музички ѕвезди Катарина Грујиќ на 8. август и Марија Микиќ на 22. август ќе биде бесплатен, информираат од таму.
-Во соработка со своите партнери и добавувачи, Аква Парк Пробиштип одлучи двата музички настана да им ги подари на посетителите и заедно со нив да одбележи 15 години исполнети со летни авантури, забава и незаборавни моменти, велат од таму.
Аква Парк Пробиштип работи секој ден од 10:00 до 19:00 часот и нуди повеќе од 20 водени атракции за посетители од сите генерации. Базени, тобогани, мрзлива река, базен со бранови и бројни забавни содржини го прават Аква Паркот идеална дестинација за целодневно летно уживање со семејството и пријателите, посочуваат од таму.
Иако влезот за двата концерта е бесплатен, резервацијата на маса е задолжителна поради ограничениот капацитет.














