Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба за ослободителната пресуда за случајот “Талир 2“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, информираа од таму.
Пред неколку недели за случајот во кој е обвинет и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Основниот кривичен суд Скопје, донесе ослободителна пресуда за него.
Тој е обвинет за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот застарува на крајот на август, а Судот одлучи и да нема конфискација на седиштето на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














