За поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, и по речиси шест месеци откако се предаде на македонските власти по 14-месечното бегство, се уште нема обвинение за случајот со Државна лотарија, во кој е осомничен заедно со Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Лотарија, кој се уште е бегство.
Доколку до 22. август не биде покренето обвинение за овој случај од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, тој според законската регулатива може да излезе од куќен притвор од неговиот стан во скопски Чаир, каде го чува полицијата.
Рокот за истрагата за случајот може да биде продолжен.
Откако им се предаде на македонските власти тој беше во затворски притвор само половина ден. Во куќен заврши поради закани за неговиот живот, а јавноста никогаш не дозна кој му се заканува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавноста се уште незнае ни дали Груби бил на распит во Обвинителството за случајот, во кој заедно со Бајрами се гони за наводна проневера од околу 8 милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати во Лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Колку полицајци го чуваат Артан Груби
До каде е предметот за Груби за неговото ставање на „црната листа“ на САД?
Фото: Груби/Фејсбук














