Седум нови случаи со западно-нилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Во текот на оваа недела во Македонија се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV), информираат од Министерство за здравство.

Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.

Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Драчево има најмногу заразени со западно-нилска треска

„На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. 

Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман“, велат од таму.

Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15. мај 2026 година во Велес.

Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците.

Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножување на комарците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Бројот на заразени со западно-нилска треска се зголеми на 11: Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести