Караванот „Силно светнал ден” за 35 години независност вечерва започнува во Охрид

Караванот „Силно светнал ден”, по повод 35 години независност на Македонија, денеска започнува во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11. август) и Велес (12. август).

Во пресрет на 8 Септември, кога земјава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа видеото за 35 години независност

Меморија, Мизар и Синтезис ќе настапат во Струмица на 15. август за 35 години независност на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести