19-годишен кочанчанец ја уценувал поранешната девојка со експлицитни видеа и фотографии, кои ги испраќал и на трети лица

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 08.08.2026 година во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани го лишиле од слобода А.М. (19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко.

Тој во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 година преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, а таквите видеа и снимки ги направил достапни и за трети лица.

По целосно документирање на случајот за него ќе следува соодветен поднесок.  

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести