44-мотоциклист од Љубојно, загинал на влезот во Брајчино

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести