Деновиве граѓаните на социјалните мрежи споделуваат информации за угинати диви птици во урбани средини, кои како и комарците се преносители на западно-нилската треска.
Западно-нилска треска не се пренесува од човек на човек, ако се исклучи можноста за пренесување преку трансфузија и трансплантација.
На информациите реагираа од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде граѓани исто така пријавиле вакви случаи.
Од таму велат да не се создава непотребна загриженост при појавата на поединечна мртва птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви птици преселници.
Од АХВ посочуваат и дека внимание треба да се посвети ако се забележат поголем број угинати диви птици за кратко време на едно место, истите да не се допираат и преместуваат, а граѓаните да ги известат надлежните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Какви симптоми имал починатиот маж од западно-нилска треска: Детали од ИЈЗ
Фото: МЗ














