Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) лани и годинава изрекла 94 глоби од по 300 евра на функционери оти не ја почитувале законската обврска да го пријават имотот, информираа од таму.
Вкупно изрекла казни во вредност од 28.200 евра, а некои функционери се казнети и по двапати.
Законската регулатива предвидува дека откако функционер ќе стапи на одредена позиција има рок од 30 денови до ДКСК да го пријави имотот, но има обврска истото да го направи и кога ќе му престане функцијата (што е уште поважно), како и кога ќе стапи на нова функција.
еМагазин е препознатлив по објавувањето на анкетните листови на функционерите и слободно може да се каже дека од нашето досегашно искуство има многу функционери што не го пријавуваат имотот откако ќе им престане функцијата, или кога ќе добијат нова (без разлика дали се работи за нов мандат на истата функција).
Тоа дека казната за ваков прекршок е мала, е друга тема.
Освен по оваа основа, функционери се казнети и поради тоа што истовремено извршувале две функции што е незаконско.
Како што може да се види од деталниот список на казнетите функционери, е дека меѓу нив има поранешни и актуелни градоначалници, директори на јавни претпријатија, општински советници, директори на установи, членови на управни и надзорни одбори, судии…
На списокот е поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, поранешниот градоначалник на Општина Пласница, Алија Јаоски, поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, Драги Кушовски…
Сите казнети функционери ОВДЕ.
Фото: Унсплеш














