Каде е Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Лотарија, кој заедно со Груби е обвинет во случајот за државната компанија

Повеќе од една година Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство.

Тој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска треба да почне судењето на Груби: За што е обвинет?

За него Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница 18. декември 2024 година, откако Судот му одреди мерка притвор.

Тој е првообвинет во случајот во кој обвинетите се товарат за злоупотреби и проневера на над осум милиони евра од Државна лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложено судењето за Груби, Судот оцени дека обвинетите и нивните бранители треба да добијат време за увид во доказите

Каков имот пријавил Артан Груби

Колку полицајци го чуваат Артан Груби

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести