Откако не успеаа неколку обиди да се продадат, становите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кои државата му ги заплени за случајот “Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, ќе се продаваат по пониска цена.
Истите ќе се продаваат на електронското надавање на 21. септември.
Станува збор за три станови во Панорама резиденс на Водно, со вкупна површина од 750 метри квадрати.
Како што објави Фокус, станот од 199 метри квадратни, кој се продаваше за 847.000 евра, сега ќе се продава за 635.200 евра.
Тој од 155 метри квадратни наместо за 760.000 евра, ќе се се продава за 569.662 евра.
Станот од 200 метри квадратни наместо за 638.000 евра, сега се продава за 212.000 евра.
Груевски тврди дека становите не се негови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба
Камчев бил уценет за да каже дека становите биле негови, тврди Груевски
Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија
Фото: Груевски/Фејсбук














