Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и на Апелациониот суд Скопје за предметот против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Тоа значи дека тој излегува од затвор, а за предметот повторно ќе му се суди.
Во април лани Јакимовски беше првостепено осуден на затворска казна од три години и шест месеци за две кривични дела – “Бесправно градење“ и “Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Предметот е во врска со изградбата на општинската зграда во Карпош. За бесправното градење доби казна од една година, а за злоупотребата на службената положба три години затвор.
Апелација пак во мај годинава ја потврди едногодишната затворска казна за бесправно градење, а во делот за злоупотреба на службената положба предметот беше вратен на повторно судење.
По правосилноста на делот од пресудата за бесправното градење, Јакимовски отиде во затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стевчо Јакимовски бил хоспитализиран, по три недели вратен во затвор
(Видео) Стевчо Јакимовски ќе се жали пред Врховен за затворската казна која му ја потврди Апелација
Фото: Јакимовски/Фејсбук














