Владата денеска на седница донесе одлука за намалување на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10%.
Како што информира од таму целта била да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.
Според пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ-то значително ќе се ублажило очекуваното зголемување на цените на горивата.
– Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.
Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот Еуросупер БС-98, велат од таму.
Повластената даночна стапка ќе се применува од полноќ на 15. септември и ќе трае до 28 септември.
Фото: Унсплеш














