Уште еден автобус на ЈСП се запалил, сите патници излегле навреме

Од Министерството за внатрешни работи (ЈСП) информираа дека вчера околу 17:05 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Оштина Центар, настанал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП.

-Пожарот бил изгаснат од возачот и од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Повредени лица нема, односно сите патници безбедно се симнале, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачот спречил пожар на Водно: Изгоре автобус на ЈСП

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести