Позната е локацијата за новиот национален дата-центар. Истиот ќе се гради на локација кај Бунарџик, во близина на Скопје.
Првиот дата-центар кој го изгради Македонија е во близина на Прилеп, кој функционира од 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија од 2023 година има национален дата-центар, еве како изгледа
Информацијата денеска ја соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој информираше и дека во Министерството за транспорт веќе се разговарало за утврдување на потребната процедура за употреба на локацијата.
Дата-центарот ќе биде веднаш до една од индустриските развојни зони, на државно земјиште, кое не се употребува за земјоделство или за нешто друго.
Во близина на локацијата веќе биле изградени фотонапонски централи.
Се планира во втората фаза покрај дата-центарот државата да изгради и фотонапонска централа, која ќе обезбедува 30 до 40% од потребите за електрична енергија на дата-центарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клучното прашање е дали Македонија има капацитет за комерцијални дата-центри, а не дали да се градат
Македонија има национален дата-центар во прилепско, ќе гради уште еден
Со кого разговара Мицкоски за изградба на дата-центар во Македонија
Фото: МВР













