Вчера околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во валандовското село Пирава, информираа од Министерството за внатрешни работи.
-Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О. (69) од тоа село, велат од МВР.
Од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Фото: Унсплеш














