Насилство во спортска сала на основно училиште во Кочани: Шестгодишно дете физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 12:45 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријавил дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете.

Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести