еМагазин
Image default
Македонија

Иванов ќе се обрати во Парламентот, но се уште не е утврден датумот кога

Претседателот ќе ја исполни својата уставна обврска, информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по денешната информација дека до Собранието се уште не е пристигнато писмо од претседателот за одредување датум за годишно обраќање.

– Согласно член 85 од Уставот на Република Македонија,Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Претседателот Иванов ќе ја исполни својата уставна обврска во текот на 2018 година. Како и досега, така и во иднина, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Ивановќе постапува единствено и исклучиво согласно Уставот и законите на Република Македонија, посочуваат од претседателскиот Кабинет.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите рече дека нема најава од претседателот на државата, дека сака да има годишно обраќање во Собранието.

– Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој мора да побрза со доставување барање за да може да му се обезбеди термин. Ова на претседателот на државата му е право, а не обврска, што значи може да не сака оваа година да го искористи ова право – смета Џафери.

Фото: Кабинет на претседателот Ѓорге Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(АУДИО) На You tube има уште две нови „бомби„

Редакција

Убава вест: Поголем број на оздравени од заразени со Ковид-19, од 159 најмногу во Скопје 42

Редакција

Починаа двајца заболени од Ковид-19, вкупно до сега 606

Редакција