Денеска ќе се чисти централната карпа на Матка од лабави блокови, информираше Македонската алпинистичка федерација (МАФ).
„Поради опасност од блокови и камења кои ќе паѓаат, патеката од езерото до манастирот Св. Никола Шишевски ќе биде затворена за поминување. Чамците нема да префрлуваат патници и туристи.
Акцијата за чистење и замена на дел од клиновите на карпата на Матка е подржана од Агенција за промоција и поддршка на туризмот“, се вели во соопштението.
Фото: МАФ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.