еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Жените-политичарки се надеваат дека на претседателските избори ќе има жена-кандидат за претседател

Жените во политичките партии во Македонија, не се застапени на листите на изборите, на исто ниво како и нивните машки колеги, помал е процентот на жени носители на функции во системот, но генерално состојбата се подобрува секоја година, што зависи од зедничкиот ангажман на жените и мажите од сите сфери на општеството, беше речено на денешната панел дискусија во Куманово која ја организираа жените од НСДП и ЛДП.

Дискусијата се организира во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово насилство.“

– Поразителен е фактот што се однесува до жените носители на повисоките функции, тука проблемот се провлекува од почетокот на осамостојувањето на Македонија досега. Имаме само од две до четири министерки, што се рефлектира и на подолните функции, заменици министри, директори, носители на јавни функции и треба тука да се работи многу повеќе, рече претседателката на огранокот на жени на ЛДП, Јасмина Димовска.

Борбата, продолжува велат денешните учеснички, додека не се постигне еднкавост на сите основи. За листите се преферира моделот маж-жена или обратно жена-маж, како и за останатите функции за да можат жените да ги покажат своите знаења.

– Податоците се менуваат од ден на ден, генерално состојбата се подобрува. На одредени позиции можат да се најдат и жени, но недоволно. Во иднина заложбата е на високите позиции да се најдат квалитетни кадри кои ги имаме и кои ќе одговорат на предизивиците, рече претседателката на организацијата на жените од НСДП, Марија Тодоровска.

По однос на женските права, женските можности, постои консензус помеѓу жените без разлика од каде и да доаѓаат, велат учесничките.

На светско ниво овој проблем е генерален, со тоа што во одредени држави состојбата е поповолна за жените како што се државите од Западна Европа. Што се однесува до државите од Балканот, ситуацијата не е на завидно ниво, но и тие се за одреден степен подобри од Македонија.

Учесниците на панел дискусијата се надеваат дека на престојните претседателски избори ќе има кандидат за претседател жена. На панел дискусијата беше посочено дека институциите мора да работат напорно за да се искорени насилство помеѓу жените во сите сфери, почнувајќи со едукација од најмала возраст.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да реагирате и да се заштитите во случај на земјотрес

Редакција

Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини

Редакција

Предупредување од УХМР: Во текот на ноќта локални обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град

Редакција