еМагазин
Image default
Локално

Лихвари изнудувале брачен пар: За заем од 500 евра им зеле камата од 340 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Д.К.(62) и Т.Ј.(77), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“,информира МВР.

Во текот на 2017 и 2018 година, првопријавениот му дал заем од 500 евра на С.П. од село Ораовица и на неговата невенчана сопруга Н.П.. После тоа, тие покрај основиот долг, во повеќе наврати, му исплатиле дополнителен износ од 21.000 денари(340 евра).

Исто така, второпријавениот му дал заем од 50.000 денари на С.П., а тој за седум дена, покрај основниот долг, му исплатил дополнителен износ од 5.000 денари. После тоа, на 03.06.2018 околу 18.00 часот во домот на С.П. во село Ораовица, пријавените го принудиле да потпише изјава за долг од дополнителни 975 евра. Потоа, двајцата континуирано му барале исплата на наведената сума, со месечна камата од 10 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пиштол барал да му се вратат парите за хоспитализација на неговата сопруга

Редакција

54-годишен маж починал при извршување градежни работи во скопски Чаир

Редакција

Преку храна сакале да прошверцуваат марихуана во Затворот Струмица

Редакција