Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешните министри за образование Никола Тодоров, Панче Кралев како и И.Е поранешен советник за капитално инвестирање, Н.Х овластен раководител во сектор во Министерство поради основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластувања.
„МО во 2009 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучило договор за градење со Конструктор Инженеринг АД Сплит за реконструкција и адаптација на Дом на АРМ во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии.
Пријавените и покрај тоа што биле запознаени и свесни за ненавремено извршување на работите од страна на Конструктор Инженеринг во 2009 не презеле активности и наплата како и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција за добро извршување на работите пред истекот на нејзината важност.
Првопријавениот Н.Т како министер за образование имал обврска да ги почитува законските процедури наведени во договорот и да го заштити буџетот на МОН.
Второпријавениот И.Е како советник за капитално инвестирање имал обврска согласно условите и роковите наведени во договорот да ја следи реализацијата на договорот за градење и да го известува министерот за текот на изведбата и сите проблеми.
Со неизвршуање на својата службена положба и овластување пријавените Н.Т и И.Е го оштетиле буџетот на Министерство за образование и наука во вкупен изност од 4.761.207 денари“, се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција.
Фото: Фејсбук/Тодоров