еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување.

Ова е трета награда за НЛБ Банка на манифестацијата „Сајт на годината“, откако во 2016 и 2017 година Банката ги доби наградите апликација на годината (за апликацијата НЛБ mKlik) и сајт на годината.

“Со ова признание НЛБ Банка доби уште една потврда за високиот квалитет на своите услуги на полето на онлајн и дигиталното банкарство.

Следејќи ги глобалните текови, според кои едноставноста и функционалноста се најдобар начин за приближување на банкарските услуги до корисниците, НЛБ Банка на своите клиенти им овозможува заштеда на време и средства.

Како една од своите приоритетни стратешки цели, НЛБ Банка и во иднина ќе продолжи да инвестира во своето онлајн и дигитално портфолио, сѐ со цел на клиентите да им ги обезбеди најсовремените и најквалитетните банкарски услуги“, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мастерклас на Мила Турајлиќ и почеток на МакеКоПроДокс Форум на 14. „МакеДокс“

Редакција

МИМ ги додели наградите за најдобри истражувачки стории во 2018

Редакција

Милчо Манчевски во жири со Изабел Ипер и Абел Ферара на Филмскиот фестивал во Кина

Редакција