еМагазин
Image default
Локално

Во Прилеп се подготвуваат 70.000 посни сарми за прославата на „Св.Никола“

Со традиционалното виткање на речиси 70.000 мали посни сарми, Прилеп ги почна подготовките за годинашната прослава на патрониот празник на градот – „Свети Никола“.

За ова се ангажирани 40-ина жени, членки на прилепските здруженија кои денеска ги приготвуваат малите посни сарми, карактеристични како специјалитет од прилепското поднебје.

„Планирано е да се приготват од 65 до 70.000 мали посни сармички и да се послужат на градската трпеза. За нив се обезбедени: 1.200 килограми зелка, 100-ина килограми ориз, а за трпезата се набавени и 200 килограми грав, 350 килограми риба. Планирани се и околу 2.000 литри пијалаци за да се збогати трпезата“, изјави Виолета Јованоска сопругата на градоначалникот Илија Јованоски, кои се домаќини на градската прослава на „Свети Никола“.

Фото: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tрагедија: Градежен работник почина по пад од куќа во Радишани

Редакција

За време на Самитот на ОБСЕ во Скопје јавниот превоз ќе сообраќа по зимен возен ред

Редакција

Дебарчанец нападнал полицаец

Редакција