еМагазин
Image default
Бизнис

Банките тријат раце: Раст на потрошувачките, станбените, автомобилските и картичните кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во ноември кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,7% и 1,2%, соодветно (идентични стапки на раст како и во претходниот месец), при годишен раст од 11,4% и 15,1%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Во ноември, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно зголемување од 2,1% и 0,2%, соодветно. Споредено на годишна основа, автомобилските кредити се непроменети, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,4%.

Негативните салда на тековните сметки, во ноември остварија надолна месечна промена од 2,0%, при годишно зголемување од 3,7%. Во овој месец, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен раст од 0,9% и годишен раст од 0,3%“, информира НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на индустриското производство од 7.3%

Редакција

Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена

Редакција

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вработува 4 службеници

Редакција