еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас во средината на јануари ќе одлучи кога Преспанскиот договор ќе влезе во грчкиот Парламент

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по 18 јануари ќе донесе одлука кога Преспанскиот договор ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот Парламент, „до кога се очекува тој да ја мине соодветната процедура во Скопје“, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, цитиран од електронското издание „Катимерини“.

-Во моментов се прават потребните „парламентарни комбинации за ратификација на Договорот и тие се интензивни“ – рече Ѕанакопулос.

Конкретно на прашањето дали ќе се собере неопходното мнозинство од 151 глас, гласноговорникот на грчката Влада соопшти дека од самиот почеток на овој процес има изјави од партијата Потами, како и од некои пратеници од левоцентристичкото Движење за промени, дека Договорот претставува уникатна историска можност за решавање на проблемот.

И поранешниот грчки шеф на дипломатијата Никос Коѕијас во саботата во ексклузивното интервју за МИА изрази увереност дека грчкиот Парламент има мнозинство за ратификција на Договорот од Преспа, пренесува „Катимерини“.

Минатата недела грчки дипломатски извори за весникот „Елефтерос типос“ изразија очекување дека Договорот од Преспа меѓу Атина и Скопје уште во текот на јануари ќе влезе во процедура на ратификација во грчкиот Парламент.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мали инциденти и четири приведени лица на ученичкиот протест во Солун против Договорот од Преспа

Редакција

На уапсените косовски полицајци им е одреден притвор и е започната истрага

Редакција

Бугарија ја укина таксата за рускиот гас

Редакција