еМагазин
Image default
Бизнис

Во ЈП „Жабени“ си делеле плати повисоки од договорените

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.И.(39) и Д.Ш.(59), двајцата од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 01.01.2015 до 31.03.2018 година, првопријавениот, како директор на ЈП “Жабени” и вторпријавениот, како раководител на инфраструктура во ЈП “Жабени”, преку третопријавеното правно лице, како овластено сметководствено биро на ЈП “Жабени”, за сопствени плати, исплаќале износи повисоки од износите во договорот за вработување на истите, со што се стекнале со противправна имотна корист од 421.077 денари на штета на буџетот на ЈП “Жабени”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се нудат запленети автомобили, товарни возила, деловен простор…

Редакција

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари за литар

Редакција

Георг Бухер именуван за претседател на Надзорниот одбор на Охридска банка

Редакција