еМагазин
Image default
Локално

Изгоре старец во пожар во велешкото Горно Оризари

Во куќа на улицата „Првомајска“ бр 51 во центарот на велешкото село Горно Оризари веднаш до џамијата, во голем пожар денеска околу 10:30 часот изгорел 80-годишниот Р. М.

Станува збор за социјално загрозено лице кое живеело собирајќи пластика и друг отпад. Надлежните се сомневаат дека токму горењето пластика и други материјали го предизвикале пожарот.

Како што информира за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, пожарот во полиција го пријавиле жители од селото. Тие ја повикале и Противпожарната единица (ППЕ).

На местото на настанот излегле увидна екипа на СВР Велес и јавен обвинител кои работат на истражување на причините за пожарот.

Според Додевски, телото на стерецот било целосно пеплосано од огнот и затоа не било испратено на обдуација.

Од ППЕ – Велес за МИА информираат дека кога стигнале, пожарот веќе ја имал целосно зафатено куќата на Р.М. Го нашле старецот легнат во својата соба веднаш до две стари ќумбиња, но не можеле да му помогнат.

Тоа го потврди и д-р Василка Пановска од Брзата помош во Велес која била на местото на настанот. Изјави дека само можеле да ја констатираат смртта на 80-годишниот старец.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иницијатива за почит: Лопати во раце и итно пошумување на опожарените површини кај Велес

Редакција

Јавниот превоз за празниците ќе функционира по неделен возен ред

Редакција

Жител на Кочани нападнал полицаец

Редакција