еМагазин
Image default
Македонија

Внимателно по патиштата: Има остатоци од кашест снег и појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Страцин, Павлешенци, Штип, Сарамзалино, Маврово и на П.Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Талир“: Јанакиески и Божиновски на сопственикот на „Урбан Инвест” му наредиле да даде 15.000 евра пред изборите

Редакција

Во Авганистан има 100 македонски државјани, МНР тврди дека биле на безбедни локации

Редакција

Нова средба на историската Комисија со Бугарија во Скопје, македонската страна со нов член

Редакција