еМагазин
Image default
Бизнис

Фирмите со блокирани сметки до крајот на годината ќе можат да вршат намирувања преку компензации

Фирмите кои имаат блокирани трансакциски сметки ќе можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните побарувања и обврски до крајот на оваа година. Измените на Законот за платен промет, со кој се предлага да се продолжи рокот е на дневен ред на утрешната собраниска седница.

Со предложената одредба правните субјекти кои имаат блокирани сметки меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг ќе можат да го вршат и во текот на 2019 година, односно до 31 декември 2019 година.

Со постојните одредби од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка можат меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг да го вршат до 31 декември 2018 година.

Според предлагачот со престанување на можноста за плаќање со пресметка ќе се доведе во прашање натамошното работење на правните лица со блокирани сметки, а целта на продолжување на рокот е да се овозможи фирмите со финансиски проблеми да продолжат со работа и да им се остави дополнителен период од една година во кој ќе се консолидираат и ќе продолжат нормално да функционираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот на МЕПСО за набавка на струја вреден 425.000 евра

Редакција

10 години по првиот вештачки земјотрес во Македонија, српските медиуми пишуваат за овој тест за стабилност на објектите

Редакција

Автобиографска книга „Мојот македонски код“ од Чифлиганец, по повод 20 години Адора и 45 години стаж

Редакција