еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат за 2,5 до три денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,17, односно за 5,51 отсто.

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 58,5, а на „еуросупер БС-98“ 60,5 денари за литар.

Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на еуродизел е 55, а на екстра-лесното масло за домаќинство 43,5 денари за литар.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за  9,38 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,274 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска пиварница купи сопствени акции

Редакција

Народната банка вработува три лица, плата до 44.479 денари

Редакција

Владата одобри 30 милиони денари буџетска поддршка за печатените медиуми

Редакција