еМагазин
Image default
Македонија

Поплавени простории во МРТВ: Владата уверува дека не постои опасност од пожар

Службата за општи и заеднички работи во целост ја санираше состојбата со поплавените простории во Македонската радио телевизија, информираат од Владата.

„Освен исцрпување на водата од просториите и лифтовите, поради претпазливост, во објектот на МРТВ била исклучена и струјата, а биле поставени и вреќи со песок, за да се спречи водата да навлезе во останатиот дел од објектот.

Службата за општи и заеднички работи и Владата на Република Македонија ги уверуваат вработените, но и целата јавност дека не постои опасност за појава на пожар во објектот на МРТВ.

Инаку, просториите на вториот кат биле поплавени утринава, поради пукање на хидрант. Истите ги користи Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талевска: Додека го одржуваме овој протест пред ОЈО во просториите на „Нетпрес“ се врши претрес за објавена истражувачка сторија

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Кардиоваскуларна болест и дијабет најчести претходни заболувања кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција