еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се отвара почесен конзулат на Албанија во Битола: Имер Селмани почесен конзул

Владата на Република Македонија донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Албанија во Република Македонија со седиште во Битола.

Со владината одлука донесена на 8 јануари оваа година и објавена во Службен весник на РМ се дава согласност Имер Селмани да се именува за почесен конзул на Република Албанија во Република Македонија.

Владината одлука ќе ја спроведе македонското Министерство за надворешни работи.

Инаку, од независноста на Република Македонија до денес во Битола се отворени 13 почесни конзулати на исто толку држави од Европа. Од нив, три почесни конзулати (Хрватска, Велика Британија и Словенија) привремено не работат, додека Република Бугарија во Битола има Генерален конзулат, а Република Грција има отворено Канцеларија за врски во овој град.

МИА/Фото:Фејсбук/Имер Селмани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги изгласа измените и дополнувањето на Законот за државјанство

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.091 заболени од Ковид-19

Редакција

Тетовчанка на 59 години почина од корона вирусот

Редакција