еМагазин
Image default
Локално

Му го украле „Аудито“ од Рузвелтова: Го оставил да работи дури пропазари

На 14.01.2019 година во 22.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица „Рузвелтова“ непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје, информира МВР.

Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси во Делчево: Откриена група малолетници што фалсификувале пари

Редакција

Поставен првиот тастер за пешаци на семафорот на булевар Србија

Редакција

Во када пронајдено починато 26-годишно момче од делчевското село Стамер

Редакција