еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избега еден од осудените за нападот на пратеникот Зијадин Села во Собранието

На Никола Војминовски, осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села, судот денеска му одреди мерка „притвор“ откако не беше пронајден дома при извршениот надзор од полицијата.

Издадена е и наредба за распишување на интерна и меѓународна потерница.

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител, го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка“, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1, отколку неколку медиуми ја објавија информацијата.

Покрај Војминовски, за нападот врз пратеникот Зијадин Села осудени се и Кире Ѓорѓиевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Фото: Села/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за бегството на осудениот за напад на Села: „Биланс: 1 киднапиран 37 избегани 78 амнестирани“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарите во петок ќе маршираат за одбрана на новинарското достоинство

Редакција

78-годишен маж загина во пожар во својот дом во тетовско

Редакција

(Галерија) Силјановска се поклони пред гробот на Св. Кирил во Рим

Редакција