На 19.01.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улица „Влашки пат“ во Кичево, во куќата сопственост на Х.М.(63) избувнал пожар, при што со повреди се здобиле Е.М.(27) и Р.М.(68) од Битола, информира МВР.
На Е.М. и Р.М. им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.