еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на депозитите и кредитите на корпоративниот сектор

Во декември, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа месечен раст од 0,8%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Растот е резултат на зголемувањето на депозитните пари, на краткорочните денарски депозити, како и на долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута и на долгорочните депозити во денари.

Споредено на годишна основа, депозитите се зголемени за 9,5%, во услови на раст на денарските и на девизните депозити, соисклучок на долгорочните девизни депозити коишто остварија минимален годишен пад.

Од аспект на рочната структура, депозитните пари и краткорочните депозити имаат најголем придонес кон годишниот раст, односно објаснуваат 98,4% од промената.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во декември е остварен месечен и годишен раст од 4,1% и 4,5%, соодветно. Притоа, кредитниот раст на месечна и на годишна основа целосно се објаснува со зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување на штедните влогови и кредитите на граѓаните

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тежок тендер“: Град Скопје купува седум возила

Редакција

Штипска „Баргала“ отиде во стечај

Редакција

„Фива ДДФ“ го доби тендерот на општина Аеродром за набавка на училишна облека вреден 178.000 евра

Редакција