еМагазин
Image default
Локално

МВР кривично го гони пожарникарот кој претепа колега од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(39) од село Велгошти, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „насилство“, информира МВР.

На 09.01.2019 година околу 10.00 часот во Територијалната противпожарна единица Охрид Ј.К. – пожарникар во ТППЕ Охрид, со тврд предмет физички го нападнал неговиот колега Г.С. (53) од Охрид, по што избегал.

После тоа, пријавениот околу 10.30 часот се јавил во ТППЕ Охрид и упатил закани по животот на неговиот колега А.А..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расправа за момче заврши со исеченици за малолетна девојка

Редакција

Млада тетовчанка крадела пари од сеф во фирмата каде што работела

Редакција

Малолетник од Штип ги „тероризирал“ штипјани

Редакција