еМагазин
Image default
Бизнис

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на телевизијата 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми (АВМУ) поведува постапка против 1ТВ поради наводно скриено сопствеништво, објави Макфакс.

На утрешната седница на дневен ред е ставено разгледување на предлог-одлука за поведување постапка за утврдување постоење повреда на член 34 кај 1ТВ ДООЕЛ Скопје.

Постапката се поведува, бидејќи Бојан Јовановски, на јавните настапи се претставува како сопственик на телевизијата иако формално-правно не е, пишува Макфакс.

Доколку се утврди дека еден медиум има таен содружник, АВМУ може да ја одземе лиценцата за работа на медиумот.

Сопственик на 1ТВ, според податоците од Централниот регистар, е фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ, пишува Макфакс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето-плати во јануари

Редакција

Продаден блок акции од „Тетекс“ за 41.000 евра

Редакција

Тетовски Интерпромет лани со загуба

Редакција