еМагазин
Image default
Локално

И оваа година Рудник САСА продолжува со финансирање на значајни проекти за развојот на локалната заедница

Членови на менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА го одржаа редовниот годишен состанок со здруженијата и институциите од локалната заедница. Целта на состанокот што го организираше САСА е натамошно унапредување на комуникацијата и соработката меѓу компанијата и локалната заедница, како и запознавање на компанијата со потребите на заедницата, преку активностите и плановите на организациите и институциите што ја претставуваат.

На состанокот присуствуваа претставници на 19 локални здруженија и институции кои доставија вкупно 15 предлог-проекти.

Своите планови и проекти за 2019-та година ги доставија претставниците од основното и средното училиште во Македонска Каменица, од јавното претпријатие „Камена река“, од граѓанските организации „Порака“ и „Надеж“, од градските спортски клубови за фудбал, шах, лов и риболов, од културно уметничко друштво „Вера Јоциќ“, како и од еколошкото друштво „Здравец 2002“.

„Да се биде општествено одговорна компанија значи да се биде свесен дека покрај за сопствениот развој, треба да се води сметка и за развојот на заедницата на која ѝ припаѓаме. Ова е принципот по кој се раководи нашата компанија и затоа во рамките на своите можности секоја година одвојуваме финансиски средства за реализација на приоритетните проекти и активности на локалните граѓански организации, спортски клубови и инстиутуции. Овој годишен состанок е добар начин да се запознаеме со нивните планови и приоритети“, рече генералниот директор на САСА, Олег Телној.

Во донесувањето на конечната одлука за тоа кои проекти ќе бидат финансиски поддржани  оваа година, САСА ќе се раководи од нивната долгорочна одржливост и очекуваните позитивни ефекти што овие проекти ќе ги донесат за унапаредување на квалитетот на животот на жителите на Македонска Каменица и нејзината околина.

Во текот на 2018-та, рудникот САСА обезбеди финансиска поддршка за реализација на голем број проекти и активности од локално значење, меѓу кои: организација на Каменичко културно лето, изградба на ново спортско игралиште во градот, набавка на нова опрема за потребите на средното училиште и на канцеларијата за лицата со посебни потреби, набавка на специјално возило за потребите на јавното комунално претпријатие, како и поддршка за функционирањето на фудбалските и кошаркарските клубови во градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на прободениот полицаец во Марино ги повика сведоците да не ги кријат извршителите

Редакција

МВР го расветли случајот со опожарените возила во Ново Лисиче

Редакција

Во Гевгелија регистриран еден новозаболен од корона вирусот

Редакција