Весникот „Заман Македонија” кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, во рамки на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година доби материјална поддршка од 903.092 (околу 14.670 евра), објави Anadolu Agency (AA).
Амбасадата на Турција во Скопје, писмено реагирала во врска со овој случај, при што нагласила дека остро го осудува тоа што весникот „Заман Македонија” добил материјална поддршка во рамките на оваа програма, пренесува Агенцијата.
„Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи“, стои во реакцијата на Амбасадата на Турција во Скопје, пренесува агенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои медиуми добија пари од Владата како субвенции