еМагазин
Image default
Македонија

Хируршките одделенија се вратија во функција, испразнети се креветите од ковид-пациенти

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.

-Значајно се испразнети болничките капацитети, хируршките одделенија, сите освен еден дел од одделението ТОАРИЛУЦ се вратени во функција.

Заводот за рехабилитација-Козле исто така е целосно испразнет од пациенти заболени од Ковид-19 и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во Козле, и на дел од одделенијата во зградата за Интерни клиники.

Клиниките за Оториноларингологија и Офталмологија исто се враќа во финкција до крајот на неделата. Продолжува намалувањето на притисокот врз болниците ширум државата.

Повеќе од половина од капацитетите се слободни и се враќаат во нормална работа и останатите одделенија. Ова е знак за стивнување на овој бран, па оттука и предлозите за дополнителни попуштања на рестрикциите, изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За „Монструм“ било предупредувано, знаеле советник на претседателот и „Радникот“

Редакција

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

Редакција

Оставката на Филипче треба да се прифати, смета претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Редакција