еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески и Пешевски на суд: Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопјде денеска продолжува судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да биде изведена смс-комуникација на Владимир Пешевски, по што следуваат економски вештачења од СЈО и одбраната.

Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО.

Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанел штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44,2 години

Редакција

Заев си дал оставка од претседателското место во Советот за судски реформи

Редакција

Ирена Ристиќ ќе ги „гони“ полицајците кои ја приведоа

Редакција