еМагазин
Image default
Македонија

Почина петгодишно девојче на Детската клиника од компликации предизвикани од грип

Петгодишно девојче починало синоќа на Универзитетската Клиника за детски болести каде било донесено по тридневно лекување на Институтот за белодробни заболувања во Козле, како последица на влошување на состојбата при инфицираност од пандемски грип Х3Н1, соопштија денеска од Клиниката.

„Во текот на вчерашниот ден на Клиниката е примено девојче на возраст од пет години од Скопје, кое претходните три дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле. Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (пореметена свест, конвулзии) детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија.

Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A“, наведуваат од Клиниката.

На детето му била дадена терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија.

Поради влошување на респираторните симптоми, се посочува, детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки починало во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката.

“Детето претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма“, стои во соопштението од Детската клиника.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За утре одложено судењето за ТНТ, ако не дојде Тони Трајковски стражарно ќе биде спроведен

Редакција

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

Редакција

Нора Шаќири Марковиќ разрешена од директорската позиција на „Театар Комедија“, на нејзино место поставена Магдалена Ризова Черних

Редакција