Податоците од најновото истражува на Центарот за граѓански комуникации укажуваат дека расте бројот на тендери со поразумни рокови за прибирање понуди од законски минималните, но се уште продолжува проблемот со високиот удел на тендери на кои има само една понуда што ги доведува во прашање конкуретноста, еднаквиот третман и недискриминацијата на фирмите.
Според анализата, кај една третина од набавките имало само една понуда.
Повеќе од половина од институциите ја користеле постапката со преговарање без објавување оглас и ваквите договори учествуваат со седум проценти во вкупната вредност на договорите на институциите.
Исто така, секој четврти тендер бил поништен, а процентот на целосно или делумно поништени тендери кај одделни институции се движи од 0 до 77 проценти. Секретаријатот за законодавство нема поништени тендери, а најмногу, дури 77 проценти, се поништени во Министерството за здравство.
Дури 19 проценти од поништените тендери се поради тоа што институциите оцениле дека ниту една од пристигнатите понуди не е прифатлива, што, како што се наведува во анализата, се смета за една од најсубјективните причини за поништување на тендерите.
Во однос на жалбите има подобрување, односно намален е уделот во споредба со претходната година.
Анализата покажува дека само две институции ги објавуваат на своите веб-страници огласите за јавни набавки, известувањата за склучените договори, како и самите договори и нивните анекси, додека ниту една не објавила известување за реализиран договор за јавни набавки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истражување: МОН и МВР најнетранспаретни при јавните набавки
Кај една третина тендери дискриминаторски услови за учество на компаниите