еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Цените за роаминг со Грција ќе се намалат пред туристичката сезона и тогаш ќе се знае за колку

Цените на роамингот помеѓу нашата држава и Грција треба да се намалат во следните два месеци, односно пред почетокот на туристичката сезона, беше истакнато денеска во Влада на потпишувањето на Меморандумот за разбирање и намалување на цените на роамингот помеѓу министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега Никос Папас, пренесува meta.mk.

„Регулаторните тела на двете држави треба да ги утврдат деталите, односно за колку проценти ќе се намалат цените во роаминг. Ќе се обидеме кон крајот на мај, почетокот на јуни да понудиме конкретни резултати во делот на интернетот. До 2021 година ќе се одвива динамиката на намалување на цените, се до целосно укинување на роамингот. Односно, динамиката за целосно укинување ќе оди како со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина“, појасни Манчевски.

Регулаторните тела на двете земји за два месеци треба да излезат со првите резултати, за колку проценти би можело да биде намалувањето и кои би биле цените, а доколку има потреба треба да се интервенира и во законската регулатива во двете држави.

Грчкиот министер Никос Папас, рече дека со потпишување на овој Меморандум, потпишувањето на Договорот од Преспа, треба да се направи договор за луѓето, за нивен подобар живот, подобри можности за комуникација, транспорт, економски можности. Оваа посета, која е прва од ваков вид, Папас ја оцени за многу корисна.

„Имавме можност да разговараме и за други проекти, размена на познавање на технологиите, за електронско движење на документите во јавната администрација. Работите што се отвораат пред нас се огромни. Наша обврска е да го искористиме позитивниот момент и атмосфера, за да донесе добар живот за граѓаните на двете земји во иднина“, рече Папас

Тој оцени дека доколку не се пропуштеше изминатиот период, позицијата на двете држави во регионот сигурно ќе била подобра, и ќе треба да се забрзат процесите за противниците на Договорот од Преспа да се разубедат во неговата корисност.

Според Манчевски, пак луѓето и бизнисот и до сега соработувале, и сега дојде време политиката да го следи тој дух. Тој најави и други конкретни соработки помеѓу двете држави и во други министерства, кои ќе бидат со конкретни бенефити за граѓаните и бизнисите.

Потпишувањето на меморандумот помеѓу двајцата министри, беше проследено и од голем број на грчки новинари.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На денешен ден во 1993 година почина академик Блаже Конески: Неговиот живот и дело, судбински се врзани и со раѓањето на македонска државност

Редакција

И еМагазин е дел од него: Од денеска достапен Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“

Редакција

Во несреќата загина цело семејство: Продолжува акцијата да се дојде до урнатиот авион на Солунска глава

Редакција