еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во декември лани, 25.784 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017. е зголемена за 8,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28 проценти), Уметност, забава и рекреација (24,3  проценти) и Рударство и вадење на камен (20,9 проценти).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември во однос на ноември лани е зголемена  во секторите: уметност, забава и рекреација (22,1  процент), информации и комуникации (22,1  процент) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 проценти).

Бруто-платата по вработен во декември лани изнесувала 37.704 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден денар поевтинуваат горивата

Редакција

„Про-инженеринг“ го доби тендерот на општина Сарај за изработка на урбанистички планови вреден 153.000 евра

Редакција

Италијанската „ЕОС консалтинг“ го доби тендерот на Град Скопје за надзор на градежни работи вреден 487.000 евра

Редакција