еМагазин
Image default
Македонија

Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски побарал од дедо му да си даде отказ

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на својот Фејсбук профил соопшти дека побарл од таткото на неговата сопруга да се повлече од работното место во Фабриката за опрема и делови во Битола, дел од државната ЕЛЕМ.

“Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.

Искрени сме во тоа.

Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.

Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.

Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.

И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.

Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.

Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.

Сега градиме поинакви вредности, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“, пишува Кирацовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Твитер го „подбра“ Кирацовски, за изјавата дека вработувањето на дедо му не е „ништо особено„

Фото: Фејсбук/Кирацовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија нема дилема: Гоце Делчев е македонски народен херој

Редакција

Започнува судењето за Жан Митрев и неговата болница

Редакција

Продолжува судењето за случајот „Титаник“ на СЈО

Редакција