еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се уште живи!

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното организирано труење низ цел град, невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски.

„Едното куче ми го отруја. Деца сакаа да го погалат, така приметив. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“, ни изјави Марјанчо Димитров кој во поморот кој ги задеси животните во Пехчево ја загуби својата Лиска, велат од здружението.

Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат , закопуваат додека се уште живи!

Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се се уште живи! Бараме најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното , организирано труење низ цел град , невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски !„ Едното куче ми го отруја. Деца сакаа да го погалат, така приметив. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“ ни изјави Марјанчо Димитров кој во поморот кој ги задеси животните во Пехчево ја загуби својата Лиска. Еден од многуте кои пред очи виде тетеравење кое најблиску личи до циклус силни епилептични напади и гушење во повраќаница до смрт на својот миленик.Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом. Ажурни се само комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре. Срам ни е што живееме тука, срам ни е што овие слики и снимки допрва ќе ги види целиот свет! Бараме итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин.Доколку уште молчи градоначалникот и итно не превземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаме за директна инволвираност и одговорноста кај него ќе ја бараме.ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕХЧЕВО МОЛЧИ ЗА ПОМОРОТ НА ЖИВОТНИТЕЗдружение за заштита на животните ПРО АНИМА Берово -РЕАКЦИЈА: „Пред повеќе од 5 месеци,поточно на ден 10.09.2018 година на официјалниот маил на Општината gradonacalnik@pehcevo.gov.mk и opstina_pehcevo@t.mk активисти од здружението ПроАнима – Берово се обратиле до Градоначалникот на општина Пехчево по повод труењата на територија на град Пехчево.Претходно,градоначаникот вети дека ќе спроведе истрага со цел откривање и санкционирање на сторителот.Се остана само празно ветување…истрага за ваквите случаи немаше,одговорноста изостана.СЛУЧАИ НА ТРУЕЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО ПЕХЧЕВО ИМА СКОРО СЕКОЈА НЕДЕЛА.Продолжува и продолжува… Нас како Здружение не не удостои со одговор.Единствен чекор кој го превзема Општината во насока на решавање на овој проблем е дека склучи Договор со Тодор Велков,а ние кој малку ја познаваме оваа проблематика знаеме дека Тодор Велков, од досегашното искуство покажаа дека не само што не работат на решавање на проблемот,не го намалуваат,туку го дуплираат.“Би додале, и чија хуманост е длабоко компромитирана низ годините.

Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Среда, 20 февруари 2019

Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом, посочуваат од здружението.

„Ажурни се само комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите, но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре.

Срам ни е што живееме тука, срам ни е што овие слики и снимки допрва ќе ги види целиот свет! Бараме итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин“, велат од „Анима мунди“.

Тие додаваат дека доколку уште молчи градоначалникот и итно не превземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаат за директна инволвираност и одговорноста кај него ќе ја бараат.

Пред повеќе од пет месеци, поточно на ден 10.09.2018 година на официјалниот маил на Општината [email protected] и [email protected] активисти од здружението ПроАнима – Берово се обратиле по повод труењата на територија на град Пехчево, велат од здружението.

„Претходно, градоначаникот вети дека ќе спроведе истрага со цел откривање и санкционирање на сторителот. Се остана само празно ветување… истрага за ваквите случаи немаше, одговорноста изостана“, се додава во соопштението.

Случаи на труење на животни во Пехчево има скоро секоја недела, а Здружението не било удостоено со одговор.

„Единствен чекор кој го превзема Општината во насока на решавање на овој проблем е дека склучи Договор со Тодор Велков, а ние кои малку ја познаваме оваа проблематика знаеме дека Тодор Велков, од досегашното искуство покажаа дека не само што не работат на решавање на проблемот, не го намалуваат, туку го дуплираат. Би додале, и чија хуманост е длабоко компромитирана“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

„Врати го презимето на ов/ев и добиј 300 евра“, нова бугарска провокација од фондацијата “Македонија“

Редакција

Бура од реакции на социјалните мрежи за намалувањето на казната на велешанецот кој пијан усмрти 11-годишно девојче и избега

Редакција