еМагазин
Image default
Македонија

Заев потврди дека на пописот ќе има графа за етничка припадност

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во пописот што треба да се спроведе наредната година ќе има графа за етничка припадност на граѓаните, иако претходно се најавуваше дека тоа нема да биде случај, туку дека тие ќе може да се изјаснуваат само кој јазик им е мајчин.

-Се усогласивме дека ќе има графа за етничка припадност заради тоа што тоа е многу важно и за помалкубројните заедници. На пример ромската заедница многу малку или поретко го употребува својот мајчин ромски јазик и ако само јазикот биде во делот на графата тогаш тоа може да не доведе вистинска бројност на таа заедница, рече Заев.

Од тие аспекти, потенцира премиерот, како солидарни припадници на поголемите етнички заедници донесовме одлука и изградивме заедники став да го охрабриме и Еуростат и ДЗС да ја има графата за етничка припадност.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот историчар Чуканов за спорот со Бугарија: „Нема шанси да бидеме браќа на сила“

Редакција

Ганка Цветанова за Тамара и химната: Ниту случајно згреши, ниту ненамерно ја изостави строфата, ова е пробен балон!

Редакција

Фатмир Лимани, прв независен кадидат за градоначалник на Општина Кичево

Редакција